MKDNews.com

Палачинки од тиквички

Палачинки од тиквички
јули 14
08:49 2017

Претпоставуваме дека ја искористивте сезоната на тиквички и од овој нискокалоричен и здрав зеленчук веќе приготвивте и дегустиравте најразлични јадења. Но, ние имаме нова, супер идеја која вреди да се проба. Станува збор за палачинки од тиквички.

Намирници – 2 чаши изрендани тиквички, 1 чаша изрендан компир, 1 јајце, 1 лажица исечкан магдонос, 1 лажица изрендана кора од лимон, малку лебни трошки (или половина кришка изрендан тврд леб), 1 лажица путер, 2 лажици кисела павлака, сол и црн пипер.

Подготовка – Изренданите тиквички и компир оставете ги половина час за да ја испуштат водата, добро исцедете ги и посолете ги. Изматете го јајцето, додадете го магдоносот и лимоновата кора. Зачинете со сол и црн пипер според вкус. Измешајте ги тиквичките со компирот и додадете малку од лебните трошки. Потоа, додадете го изматеното јајце, па се добро измешајте. На загреано тавче додадете го путерот. Ставете лажица од смесата со тиквички и компир на жешкиот растопен путер и со помош на вилушка сплескајте ја смесата со шпатула. Печете ги палачинките додека да добијат боја, потоа превртете ги и печете ги од другата страна.Сервирајте ги топли со кисела павлака или сос по желба.