Охрид не престана да се тресе

Четири нови земјотреси од кои најсилниот со јачина од 3,8 степени по Рихер се регистрирани ноќеска во охридското епицентрално подрачје.
Утринава во 4:29 часот е почувствуван најсилниот од четирите земјотреси на длабочина од 1 километар.
Во 01:02 часот е регистриран земјотрес со магнитуда од 3 степени на кој му претходеа два потреса во 23:37 часот со јачина од 3,2 степена и 23:16 часот од 3,1 степен.
И во текот на целиот ден се почуствувани голем број помали земјотреси…
Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. Најсилниот беше завчера во 13:18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, кој предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а пријавени се и помали материјални штети.
Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?
Напишете Коментар