MKDNews.com

Министерот Димитров во посета на Ватикан

Министерот Димитров во посета на Ватикан
јули 14
08:52 2017

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денеска ќе престојува во работна посета на Ватикан.

На средбата со секретарот за односи со државите, монсињор Пол Ричард Галагер, се очекува да бидат опфатени потенцијалите за продлабочување на билатералната соработка меѓу двете земји која изминативе две децении ја карактеризираат заемна почит и поддршка, во духот на меѓусебното разбирање и споделувањето заеднички културни, религиски и цивилизациски вредности.

Покрај политичките релации меѓу двете земји, на средбите ќе бидат разгледани и можностите за проширување на секторската соработка, пред сè во областа на културата, образованието, здравството и останати сфери од заемен интерес

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com