MKDNews.com

Латас и Ивона си ги бараат пасошите назад, СЈО инсистира на притвор за обвинетите во „Тотал“ и „Триста“

Латас и Ивона си ги бараат пасошите назад, СЈО инсистира на притвор за обвинетите во „Тотал“ и „Триста“
јули 14
06:38 2017

Специјалното јавно обвинителство инсистира на притвор за уредникот во ТВ Сител Драган Павловиќ-Латас кој е обвинет во случајот „Тотал” за даночно затајување. СЈО бараше притвор, а Кривичен совет од скопска единица го одби и му изрече мерка претпазливост.

Пред кривичен совет во скопска апелација обвинителите од СЈО, Гаврил Бубевски и Стевчо Донев изразија сомнеж дека Латас може да избега и да продолжи со криминални активности.

„Сметам дека во оваа фаза на постапката, таквата мерка за овој обвинет, имајќи ги предвид сите околности како личноста на обвинетиот потоа фактот дека постојано е во комуникација, постојано патува во странство, неговата имотна состојба, СЈО сметаше дека таквата мерка е неопходна за успешно водење и завршување на постапката“, истакна Бубевски.

Одбраната на Латас пак тврдеше дека тој нема да избега, а во своја одбрана Латас рече.

„Не прифаќам дека сум заслужил притвор зошто соработував со СЈО во текот на постапката. Пасошот ми треба за патување  за работа, а не за одмор“, се вели во писмената реакција на Латас.

Кривичен совет во Апелација ги разгледа и жалбите на неговите браќа Звездан и Срѓан Павловиќ, кои се обвинети за даночно затајување во предметот Тревник. Нивната одбрана тврдеше дека тие се „залутани” во ова обвинение. Но, во набиената агенда на апелациониот суд, денеска се најде и жалбата на неговата колешка Ивона Талевска. И таа си го бараше пасошот назад заради работни патувања кои тврдеше дека нема да ги злоупотреби за да избега. СЈО остана на определената мерка сомневајќи се ако има чести патувања, ќе ја одолговлече постапката.

Апелација ја разгледа и жалбата на СЈО по неопределениот притвор кој го бараше за Ѓоко Поповски, поранешен помошник министер за јавни набавки, обвинет за злоупотреба на службена положба во случајот “Триста”.

Обвинителите од СЈО сметаат дека тежината на делото за кое се товари и штетата од како што тврдат над 28 милиони денари од државниот буџет што е направена, обвинетиот може да се даде во бегство. Одбраната пак убедуваше дека наводите за опасност од бегство се неосновани.

И пред апелациониот суд да започне со неколкуте последователи седници, ВМРО ДПМНЕ повторно со прес конференција со порака до судиите од кривичните совети.

„Барањето притвор од страна на СЈО за раководството на ВМРО-ДПМНЕ е само за да се изврши притисок врз судиите да не ја поништат одлуката на првостепениот суд за мерките одземање на пасош и јавување во судот еднаш неделно, кои на СДС/СЈО им се исклучително важни за терање негативна кампања против ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред судиите во апелација се најдоа и жалбите ан обвинетите во предметот “Тарифа” за кои скопска единица го прифати барањето на СЈО и им определи мерки за претпазливост. Рокот за донесување на одлуката на Кривичните совети во скопска апелација е 48 часа откако ќе го добијат предметот.