MKDNews.com

Градоначалник на мексикански град се ожени со крокодил (видео)

Градоначалник на мексикански град се ожени со крокодил (видео)
јули 05
16:25 2017

Градоначалникот на мексиканскиот град Сан Педро Хуамелула Виктор Агулар избрал крокодил да му биде “сопруга“ во рамките на домородната традиција која за цел има да донесе среќа на локалните рибари.

Женката крокодил е крстена во четвртокот, а на денот “Д“ била облечена во бела облека додека вилицата и била заврзана. Од градоначалникот на Сан Педро се очекува секоја година да се венчава со нов крокодил, како дел од легендата според која оваа церемонија носи среќа во риболовот од кој живее поголем дел од локалните жители.

„Со овој ритуал се молиме за добар лов, а морето и лагуната да ни дадат храна која ни е потребна, како и се да биде во ред со нашето место“ – изјави градоначалникот.