MKDNews.com

Две туристки убиени од напаѓач со нож во Хургада

Две туристки убиени од напаѓач со нож во Хургада
јули 15
07:51 2017

Двете туристки, кои беа убиени со нож во одморалиштето Хургада на Црвено Море се Германки, а на Украинки, како што претходно беше соопштено, изјави генерал-мајор Мохамед ел Хамзави.

 

Тој додаде дека меѓу четворицата повредени, двајца се од Полска.

Амбасадорот на Украина во Египет, Генадиј Латиг демантираше дека загинатите туристки се украински државјанки. Тој, исто така, наведе дека меѓу повредените е и една Русинка, која е родена во Украина.

Претходно, беше објавено дека во нападот повредени се тројца Срби и еден државјанин на Полска. Но, Министерството за надворешни работи на Србија соопшти дека во нападот во Хургада нема повредени српски државјани.

Според неименуван египетски безбедносен претставник напаѓачот планирал да избоде само странци.

– Момчето од дваесетина години за време на нападот на арапски викаше: Тргнете се, не сакам Египќанци, посочи неименуваниот извор.

Напаѓачот е уапсен, а се уште се утврдуваат мотивите за нападот.

Барај Вести