MKDNews.com

Два нови земјотреси во охридско, посилниот со јачина од 4,2 степени

Два нови земјотреси  во охридско, посилниот со јачина од 4,2 степени
јули 13
05:45 2017

Во Охрид беа почувствувани два нови земјотреси во охридското епицентрално подрачје, од кои првиот во 22 часот и 2 минути со јачина од 3,1 степен, додека вториот беше на 19 минути по полноќ со јачина од 4,2 степени, според првичните информации.

Епицентарот на првиот земјотрес бил на 9 километри северо-источно од Охрид и на длабочина од 1 километар, додека епицентарот на вториот и посилен земјотрес бил на 11 километри северо-западно од Ресен и длабочина од исто 1 километар.