MKDNews.com

Ципрас, Вучиќ и Борисов: Стабилна Македонија со решено име е услов за целосна поддршка

Ципрас, Вучиќ и Борисов: Стабилна Македонија со решено име е услов за целосна поддршка
јули 14
06:28 2017

Грција, Бугарија и Србија согласни дека иднината на Западен Балкан е во Европската унија, а заедно се 10 пати посилни отколку секоја земја посебно.


На трилатералната средба меѓу Ципрас, Борисов и Вучиќ станало збор и за регионот и за Македонија. Грчкиот премиер рече дека стабилноста во Европа поминува низ Балканот, а потребно е одново да се оживее европската перспектива на регинот односно солунската агенда од 2003та. Ципрас, уште еднаш ја спомена Македонија, воедно беше и единствениот кој во изјавите по трилатералната средба се осврна на нашата земја, и го повтори веќе познатиот грчки став.

„Еден друга точка на поклопување на мислењата беше потребата да се стабилизираат, да се нормализираат политичките случувања во внатрешноста на една соседна земја, за чија стабилност сите се залагаме. Ова се однесува на поранешната југословенска Република Македонија. Секако се согласивме дека е неопходно да постои суштински дијалог за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за името, нешто што е предуслов за комплетна наша поддршка за нејзина интеграција во НАТО и ЕУ.“ – порача грчкиот премиер по трилатералната средба со неговиот бугарски колега и српскиот претседател.

„Мислам дека, за на најдобар начин да го опишам карактерот на овој состанок е дека заедно, Грција, Бугарија и Србија, не се само 3 пати, туку се 10 пати посилни отколку кога настапуваат сами. Затоа нашите состаноци се трилатерални  средби. Како и Вишеградската група која е посилна кога настапува заедно и ние треба да го користиме почесто овој модел и за различни прашања да настапуваме единствено и заеднички.“ – рече српскиот претседател.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com