MKDNews.com

Бијонсе прв пат ги покажа новородените близначиња

Бијонсе прв пат ги покажа новородените близначиња
јули 15
07:45 2017

Пред само еден час Бијонсе објави слика на инстаграм со своите близначиња .

Тие денеска наполнија еден месец , а Бијонсе во објавата напиша и дека се викаат Сер Картер и Руми . Таткото, музичката ѕвезда  Џеј – Зи , пред извесно време ги навести имињата на близнаците .

На фотографијата се гледа 35- годишната ѕвезда во пурпурно цветно опкружување.

За само еден час фотографијата собра над 2 милиона лајкови.

Бијонсе и Џеј Зи имаат и петгодишна ќерка, Блу Ајви.

Инаку фотографијата што Бијонсе ја објави во февруари и на која ја најави бременоста со близнаците , ги урна сите рекорди на Инстаграм .