MKDNews.com

Висок републикански конгресмен ранет за време на бејзбол тренинг

Висок републикански конгресмен ранет за време на бејзбол тренинг
јуни 14
14:49 2017

Најмалку пет лица, меѓу кои и еден конгресмен од редовите на Републиканците, Стив Скалис, се ранети во пукотници за време на бејзбол тренинг организиран за републиканските членови на Конгресот во Северна Вирџинија, јавија локалните медиуми.

Засега не се познати околностите за пукотниците. Според информациите, конгресменот е погоден во колкот, но не е во животна опасност. Медиумите пренесуваат дека напаѓачот, најверојатно, е уапсен. За инцидентот известен е американскиот претседател Доналд Трамп.