MKDNews.com

Трамп: Жртва сум на лов на вештерки

Трамп: Жртва сум на лов на вештерки
јуни 19
06:06 2017

Американскиот претседател Доналд Трамп упати серија пораки на Твитер во кои ги брани своите одлуки и претседателствувањето кое е полно скандали.

Повтори дека е жртва на „лов на вештерки“.

– Програмата „Да и ја вратиме на Америка нејзината величина“ функционира и покрај ловот на вештерки, напиша со големи букви републиканскиот милијардер кој поминува за прв пат викенд во Кејп Дејвид, официјалната резиденција на американските претседатели.

– Многу нови работни места, висок ентузијазам на претпријатијата, додаде Трамп наведувајќи ги сите одлуки кои ги смета за успешни, меѓу кои и изборот на конзервативниот судија Нил Горсуч во Врховниот суд.

The MAKE AMERICA GREAT AGAIN agenda is doing very well despite the distraction of the Witch Hunt. Many new jobs, high business enthusiasm,..

Барај Вести