MKDNews.com

Светот во очекување Бијонсе да го открие полот на близначињата

Светот во очекување Бијонсе да го открие полот на близначињата
јуни 19
06:03 2017

Бијонсе доби близначиња . Музичката дива и Џеј Зи станаа родители , но сеуште не го соопштуваат полот на новороденчињата.

Веста  ја потврди извор близок на парот за реномираното списание People. „Бијонсе и Џеј Зи се многу возбудени и веќе започнаа да ја споделуваат веста со семејството и најблиските пријатели – изјавил изворот.
Веста за втората бременост, 35-годишната пејачка ја сподели објавувајќи фотографија од трудничкото стомаче и кратка порака. „Би сакале да ја споделиме нашата љубов и среќа. Благословени сме двојно.

Многу сме благодарни што нашето семејство ќе порасне за два и ви благодариме за вашите добри желби“ – напиша таа. Славниот пар заедно има уште едно дете – петгодишната ќеркичка Блу Ајви.Талентираната пејачка и 47-годишниот рапер стапија во брак во април 2008 година.