MKDNews.com

Стотици војници затруени со храна , трујачите во притвор

Стотици војници затруени со храна , трујачите во притвор
јуни 19
05:56 2017

Најмалку 730 војници се затруле со храна во воената база близу турскиот град Маниса . Обвинителството притвори 21 лице под сомнение дека ја снабдувале базата со расипана храна .

Обвинителот Акиф Шимшек изјави дека е покрената истрага врз основа на примероците што се земени од заболените војници, како и од храната и водата во воената база што се наоѓа во близина на  Маниса.
Ниеден од затруените војници  не е во критична состојба.
Турскиот министер за одбрана Фикри Исик, кој отпатува за Маниса, изјави дека турското Министерство за одбрана склучило договор за соработка со компанијата што ја доставува храната.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com