MKDNews.com

Србија ќе добие премиерка која не крие дека е лезбејка

Србија ќе добие премиерка која не крие дека е лезбејка
јуни 16
06:57 2017

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја номинираше Ана Брнабиќ за премиерка и таа ќе биде прва политичарка која не крие дека е геј на клучната позиција во конзервативната балканска земја.

Брнабиќ, која е независен кандидат, стана првата министерка која не крие дека е лезбејка минатата година што беше повод за многи наслови ширум светот поради лошата состојба со правата на геј заедницата во Србија.

По предлогот на Вучиќ, таа треба да биде изгласана во парламентот. Вучиќ го нарече нејзиниот избор „тешка одлука донесена во интерес на Србија и нејзините граѓани“.

Таа досега беше министерка за јавна администрација и локална самоуправа.
41-годишната Брнабиќ е поранешна “бизнисменка на годината“ во нејзината земја и е образувана во Велика Британија и САД.

Барај Вести