MKDNews.com

Шпанија седми пат по ред ја совлада Македонија

Шпанија седми пат по ред ја совлада Македонија
јуни 12
05:36 2017

Репрезентацијата на Шпанија го продолжи трендот против Македонија и во седмиот меѓусебен натпревар ја забележа седмата победа (2-1).

„Фуријата“ со едно добро полувреме се справи со нашата селекција и сигурно чекори кон СП. Борбата за првото место во групата Шпанците ќе ја водат со Италија, која исто така во рамки на 6. коло лесно го совлада Луксембург.

Двете селекции имаат по пет победи и едно реми, а Шпанија е на првото место поради подобрата гол-разлика.

За Шпанија ова беше четврта победа во Скопје во четвртиот меч, по триумфите во 1994 (квалификации за ЕП), 2009 (пријателски меч) и 2015 (квалификации за ЕП), а за Македонија, ова е вкупно петти пораз во шестиот квалификациски меч за СП.

Барај Вести