MKDNews.com

Селма Хаек, Трамп во една прилика ме „муваше“ (видео)

Селма Хаек, Трамп во една прилика ме „муваше“ (видео)
јуни 16
07:10 2017

Актерката Селма хаек гостувајќи во шоуто „ The Daily Show” призна дека во една прилика актуелниот американски претседател Доналд Трамп ја повикал да излезат , но таа го одбила.

Убавата Селма  вели дека се започнало кога Трамп седнал крај неа на една вечера . Поради тоа што и било студено тој и го дал неговиот капут.
-Се свртев , а моето момче го поздрави Трамп, кој ми го даде капутот. Тогаш Доналд Трамп  му се извини на момето момче и му рече дека не го видел, и дека ми го нагрнал капутот поради тоа што забележал дека ми е студено. Потоа продолжи да зборува со моето момче, изјави Селма Хаек.

Жешката латиноамериканка  во шоуто потоа  истакна дека сегашниот претседатл на САД потоа ги повикал во неговиот хотел во Атлантик Сити и од нив ги побарал  броевите од мобилните телефони. Меѓутоа контроверзниот милијардер  никогаш не го побарал  нејзџиното момчето, туку директно ја побарал актерката.

„Ме праша дали сакам да излеземе, а јас му одговорив со прашање, „А што е со момето момче? Дали сум јас луда? Знаеш дека имам момче? Дали ти ме прашуваш да излеземе? Знаеш дека имам момче, раскажа Хаек додавајќи дека Трамп и одговорил дека  момчето не е доволно добро за неа.
-Ми  рече тој е небитен и не е „доволно голем за мене“. Мораш да излезеш со мене, откри Хаек.