MKDNews.com

Повторно Македонија се стресе : Епицентарот меѓу Охрид и Ресен

Повторно Македонија се стресе : Епицентарот меѓу Охрид и Ресен
јуни 18
09:58 2017

По   земјотресот    кој рано утрово беше почуствуван повторно земјотрес со умерен интензитет утрово го потресе  југозападниот дел на Македонија, односно охридското епицентрално подрачје.

Според податоците на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентрот  на земјотресот повторни е  лоциран во подрачјето меѓу градовите Охрид и Ресен.

Интензитетот на првиот земјотрес е 3,1 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на длабочина од пет километри, додека вториот е со интензитет од 2,5 степени, лоциран на два километри во земјината кора.

Засега нема пријавени случаи на предизвикани материјални штети, освен вознемиреноста на населението во околните населени места.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com