MKDNews.com

Поништено судењето на комичарот Бил Козби

Поништено судењето на комичарот Бил Козби
јуни 18
00:33 2017

Судија на американскиот суд го поништи судењето на американскиот комичар Бил Козби по повод обвинувањата за силување, по неуспешното заседавање на поротата кое траело повеќе од 50 часа.

Овој потег претставува на некој начин победа на 79-годишниот глумец, кого го чека доживотна казна затвор доколку биде осуден по трите точки на обвинението за тежок сексуален напад на 44-годишната Андреа Констенд во јануари 2004 година во неговата вила во Филаделфија, пренесе АФП.

Како што потсетува АП, од ноември 2014 триесетина жени излезе во јавност со обвинувања дека комичарот ги замелушувал со дроги и сексуално ги напствувал,а случајот на Андреа Констанд е единствен кој доведе до покренување на кривично обвинение против Козби.