MKDNews.com

Паметен автобус!!

Паметен автобус!!
јуни 12
05:50 2017

Од Кина стигнува ново чудо, „паметен“ автобус, кој всушност е комбинација на трамвај и автобус.

Новиот автобус се движи со помош на паметна технологија. Интересно ова ново кинеско чудо  наместо шини ги користи белите линии на улицата за движење . Работи на батерија, а изработката на еден ваков автобус чини околу 2 милиони долари.

Паметниот автобус на улиците на кина се очекува да се појави до 2018 година. Максималната брзина на автобусот е 70 километри на час, капацитетот на прототипот е 300 патници, но се претпоставува дека моделот кој ќе се движи по улиците ќе може да прими и до 500 патници.