MKDNews.com

НАСА снимила огромна црна дупка на Сонцето

НАСА снимила огромна црна дупка на Сонцето
јуни 14
05:23 2017

Ултравиолетовата слика на Сонцето направена од опсерваторијата на НАСА „Солар динамикс“ прикажува огромна „Црна дупка“ на неговата површина. Но, според научниците иако дупката изгледа страшно нема причини за грижи.

Таканаречената коронална дупка претставува област во атмосферата на Сонцето со малку соларен материјал. Поради тоа има пониска температура и изгледа многу потемно  од своето опкружување.

Короналните дупки инаку се видливи само со ултравиолетова светлина, кој обично е невидлива за човечкото око. Но, во овој случај обоена е во розово, за полесно да се забележи контрастот.