MKDNews.com

Напад со чекан врз полицијата во Париз

Напад со чекан врз полицијата во Париз
јуни 07
06:20 2017

Полицијата во Париз „пукала во напаѓач вооружен со чекан“ пред познатата катедрала Нотр Дам, издадено е предупредување до граѓаните да не приоѓаат во тој дел на градот.

Британски Телеграф наведува дека човек вооружен со чекан ги нападнал полицајците и тие пукале во него и го раниле.

Мажот наводно е ранет во градите со два куршума, а официјалните лица по интервенцијата на полицијата соопштиле дека ситуацијата е под контрола.

Министерот за внатрешни работи на Франција Жерар Коломб изјавил дека напаѓачот пред катедралата Нотр Дам пред нападот извикал „Ова е за Сирија“.

Коломб рекол и дека во личните документи на напаѓачот пишувало дека е тој студент од Алжир.