MKDNews.com

„Мерцедес“ го креираше автобусот на иднината

„Мерцедес“ го креираше автобусот на иднината
јуни 14
07:18 2017

Патувањето беше импресивно, без возач, а на патот имаше семафори, пешачки премини, патни станици, тунели… Автобусот изобилува со модерни технологии, како разни безжични врски, радари, камери.

Future Bus се заснова на актуелниот 12-метарски модел Citaro што се движи на мотор со шест цилиндри од 229 коњски сили, и тоа е единственото конвенционално нешто што е задржано во него.

Имено, минатата година, полу-автоматскиот автобус на „Мерцедес“ помина речиси 20-километарска делница од аеродромот Шипол во Амстердам до блиското гратче Харлем.

Компанијата се обложува дека ваквите автобуси кои сами возат, ќе станат нужност во иднина, па затоа и очекуваат зголемена побарувачка за моделот Future Bus.

Со употребата на технолошката платформа која во „Мерцедес“ ја нарекуваат CityPilot, автобусот е претворен во возило кое е способно самостојно да се движи.

Системот го чинат 10 камери, четири радари и две стерео камери кои на автобусот му овозможуваат да ја перцепира околината во три димензии.

Заради сето ова, автобусот автоматски маневрира милиметарски прецизно околу рабните камења, ги препознава станиците и застанува на истите, сам ги отвора и затвора вратите за патниците, ги „чита“ сите сообраќајни знаци и семафори.

Сето тоа го прави покомфорно и од човечки возач, а притоа, штеди и на гориво. Патниците во текот на возењето можат да користат безжична мрежа, имаат на располагање и безжични полначи за мобилни телефони и  да следат забавни емисии на екраните кои се сместени во внатрешноста на автобусот.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com