MKDNews.com

Комбе удрило во пешаци близу џамија во Лондон

Комбе удрило во пешаци близу џамија во Лондон
јуни 19
07:44 2017

Возило удрило во пешаци во областа Финсбури Парк во северниот дел на Лондон пред Муслимански социјален дом кој се наоѓа во близина на една џамија.

Притоа биле ранети неколку лица, соопшти британската полиција.

Исто така се додава дека било приведено едно лице по инцидентот кој се случи 15 минути по полноќ. Новинските агенции јавуваат дека на местото на настанот имало вооружени полицајци.

Британскиот муслимански совет најпрвин на Твитер јави дека инцидентот се случил кога едно комбе „намерно“ удрило во верници кои ја напуштале џамијата.

Но, потоа исто така на Твитер, Муслиманскиот совет напиша дека инцидентот се случил пред Муслиманскиот социјален дом, блиску до џамијата.