MKDNews.com

Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Канада

Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Канада
јуни 12
06:02 2017

Британецот Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Канада возена на патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал. За Хамилтон ова е трета победа сезонава по победите во Кина и Шпанија.

Валтери Ботас ја заокружи доминацијата на Мерцедес со второто место, а на подиумот се искачи и Даниел Рикјардо на Ред Бул.

Со победата во Канада, Луис Хамилтон сега е на само 12 поени во генералниот пласман зад лидерот Себастијан Фетел, кој денес беше четврти.

Фернандо Алонсо во болидот на Мекларен се откажа во финишот на трката поради проблеми со моторот на неговиот болид.

Следната трка ќе се вози во главниот град на Азербејџан, Баку на 25 јуни.