MKDNews.com

Гугл казнет со рекордни 2,4 милијарди евра

Гугл казнет со рекордни 2,4 милијарди евра
јуни 28
06:18 2017

Европската унија му изрече рекордна казна од 2,42 милијарди евра на интернет-гигантот „Гугл“ за кршење на антимонополските правила со својата онлајн шопинг услуга.

Казната е одредена бидејќи Гугл, како што тврди Европската комисија, ги прекршил правилата за конкурентност и ја злоупотребил својата доминантна позиција на пазарот. Компанијата им ги давала главните позиции во пребарувањата само на своите производи, а ги „криел“ ривалските понуди, и кога тие биле подобри за корисниците.

Интернет-гигантот сега се соочува со серија закани за тужби од конкурентите, кои тврдат дека интервенирањето на „Гугл“ во резултатите од пребарувањето негативно влијаело врз нивниот бизнис..  Изречената казната е највисока досега во Европа за антиконкурентно однесување.