MKDNews.com

Фолксваген претстави електрична верзија на легендарното мини-комби

Фолксваген претстави електрична верзија на легендарното мини-комби
јуни 28
06:56 2017

Фолксваген неодамна го претстави моделот ID Buzz, модерна електрична верзија на славното мини-комби, кое беше вистински симбол на 1960-тите и 1970-тите.

Со една батерија, ова комби ќе може да помине речиси 500 километри, а батеријата може да се наполни до 80 отсто за половина час.

Овој концепт кај многумина ќе побуди носталгија по оригиналната верзија, моделот Комби Т2, кој Фолксваген престана да го произведува во 2013, по цели 63 години континуирано производство.

Со прекинот на производството заврши цела една епоха обележана од комбито со девет седишта, заштитен знак на хипиците и хипи периодот и првиот транспортер за повеќе лица кој стапнал на сите меридијани на земјината топка.

Од Фолксваген соопштуваат дека заинтересираните за ID Buzz ќе можат да го набават новиот модел во 2020 година.

 

Извор: Ufunk