MKDNews.com

ЕП фудбал У-21: Германија прв финалист

ЕП фудбал У-21: Германија прв финалист
јуни 28
06:52 2017

Во првото полуфинале  Германија по изведување на пенали ја совлада Англија со 4:3 откако по продолжението и регуларниот дел беше 2:2. Во решавачката петта серија голманот на Германија Јулијан Полерсбек го одбрани ударот од белата точка на Нејтан Редмонд.

Германија поведе во 35.минута со голот на Дејви Зелке, а шест минути подоцна изедначи Демарај Греј. Англија на почетокот на вториот дел (50.минута) поведе со голот на Тами Абрахам, а изедначи на 2:2 Феликс Плате.

При изведувањето на пеналите, голманот на Германија Плерсбек одбрани два пенала, а голманот на Англија Џордан Пикфорд еден.

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com