MKDNews.com

Чавушоглу: Македонија заслужува членство во НАТО

Чавушоглу: Македонија заслужува членство во НАТО
јуни 19
05:58 2017

,,Македонија заслужува членство во НАТО најповеќе од сите кандидати, Турција ги поттикнува останатите членки на алијансата да соработуваат со земјата, изјави министерот за надворешни на Турција Мевљут Чавушоглу на заедничката прес конференција со неговиот колега Никола Димитров.

Чавушоглу најави нови договори за зацврстување на билатералните односи, зголемување на турските инвестиции и трговската размена. Тој доаѓа во период кога двете земји одбележуваат 25 години од воспоставување на дипломатските односи.

,,Прашањето околу името е вештачко и се нанесува неправда на Вашата земја. Ќе бидеме зад секоја одлука на Македонија,,- изјави Чавушоглу.

Димитров го запознал својот турски колега со приоритетите на новата реформска влада. Порача дека од регионална безбедност е Македонија да биде членка на ЕУ и НАТО.

,,Правно имаме чиста ситуација, времена спогодба и пресуда од Хаг, и не би требало да има пречка за влез на земјава. Јас ќе докажувам дека и во интерес на Грција е ова да се надмине .Нашето членство ќе допринесе за смирување на регионот,,- изјави Димитров.

Шефот на турската дипломатија се сретна со претседателот Ѓорге Иванов, се разговарало за евроатланските аспирации на земјава, потребата од соработка меѓу безбедносните служби во борбата против тероризмот.

,, По решението на политичката криза време е да се создаде нов поттик за членството на Република Македонија во НАТО. Како и досега, ја очекуваме вашата отворена и гласна поддршка,, истакнал на средбата Иванов.

Чавушоглу се сретна и со премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. По ифтарот организиран во негова чест од турската амбасада, заминува за Атина.