MKDNews.com

Кремите за сончање штитат од рак ама се пречка за витаминот Д

Кремите за сончање штитат од рак ама се пречка за витаминот Д
мај 08
06:28 2017

Кремите за сончање се од суштинско значење за заштита на кожата од рак, но една нова студија укажува на тоа дека може да предизвикаат и недостиг на витамин Д.

Витаминот Д е важен за здравјето на коските бидејќи помага при апсорпција на калциум и за нормално функционирање на нервите и мускулите, како и во зајакнување на имунолошкиот систем. Недостиг на витамин Д може да доведе до намалување на коскената густина, а тоа постепено го зголемува ризикот од фрактури и остеопороза.

Најдобриот извор на витамин Д е изложеност на сончеви зраци. Тие продираат низ кожата и во форма на холестерол (7-дехидрохолестерол) се конвертираат во активна форма на витамин Д-3.

Научниците од Универзитетот во Калифорнија ги проучувале постоечките клинички студии за недостиг на витамин Д и заклучиле дека сончањето со крема со заштитен фактор од 15 или повеќе може да го намали производството на витамин Д дури за 99%.

Поради тоа тие препорачуваат два пати неделно по најмалку половина час да се поминува на сонце без нанесување заштитен фактор. Таа количина на изложеност на сончевите зраци нема да го зголеми ризикот од рак на кожата, а организмот ќе се задржи оптимална количина на витамин Д.