MKDNews.com

Убавата Французинка е новата Мис Универзум (фото/видео)

Убавата Французинка е новата Мис Универзум (фото/видео)
јануари 30
12:35 2017

Дваесет и тригодишната студентка по стоматологија од Франција, Ирис Митнаер победи на годинешниот натпревар во убавина Мис Универзум, којшто се одржа на Филипините.

Miss Universe 2016 Iris Mittenaere

Мис Франција, која доаѓа од градот Лил, победи во конкуренција на други 85 конкуретки во тричасовното шоу во главниот град Манила.

За нејзина прва придружничка е избрана мис Хаити, Ракел Пелисие,  а за втора – мис Колумбија, Андреа Товар.