MKDNews.com

Ѓоковиќ купил два апартмани на Менхетн

Ѓоковиќ купил два апартмани на Менхетн
јануари 22
22:27 2017

Менхетн во Њујорк сигурно е една од најатрактивните локации на светот за купување на недвижнини, ова мислење најверојатно го дели и еден од најдобрите светски тенисери Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер според „ Wall Street Journal”, купил два апартмани на њујоршкиот речен остров.

Ѓоковиќ купил два одвоени двособни апартмани од по 185 квадратни метри во објект кој го изведува компанијата „565 Broome Soho” во Мерцер стрит во јужниот дел на Менхетн, проектирани од славниот архитект Ренцо Пиано.

Богатиот тенисер купил два апартмани на повисоките катови кои не се блиску еден крај друг. Иако засега не е познато колку Ѓоковиќ платил за овие апартмани, вообичаената цена на апартманите во овој дел на Менхетн на повисоките катови е околу 5,5 милиони долари.

Кога овој апартмански комплекс во 2018 година ќе биде завршен ќе има  две стаклени кули со вкупни 115 станбени единици.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести