MKDNews.com

Ѓоковиќ нервозен удри по судијата: Ти немаш врска од тениc (видео)

Ѓоковиќ нервозен удри по судијата: Ти немаш врска од тениc (видео)
ноември 17
20:23 2016

Новак Ѓоковиќ со максимални три победи се пласираше во полуфиналето од АТП шампионатот во Лондон, но денешниот меч со Давид Гофан ќе остане запаметен по конфликтот што српскиот тенисер го имаше со судијата.novak-djokovic
Имено, Новак доби опомена од главниот судија поради наводно одолговлекување пред сервис, по што Србинот бурно реагираше при првиот следен прекин.

– Случајно само еднаш го надминав времето за неколку секунди, и тоа откако двајцата одигравме одличен поен. Само отидов по својот пешкир, а ти ми даде опомена. Само еднаш, и веднаш опомена, дали е тоа чесно? Колку долго судиш овде? Сега гледам дека ти немаш врска од тенис, му порача Ѓоковиќ на судијата за време на паузата меѓу двата гејма.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести