MKDNews.com

Новак го освои Ролан Гарос

Новак го освои Ролан Гарос
јуни 06
06:55 2016

Во финалето на вториот овосезонски Гренд слем турнир во Париз, Ѓоковиќ во четири сета беше подобар од Енди Мареј.

B57D0A21AA70E84499F27EB0BF6A4965Иако Британецот го доби првиот сет со 6:3, сепак во следните два Ѓоковиќ беше доминантен и ги реши во своја полза со 6:1 и 6:3. Во четвртиот сет Србинот ја пропушти првата можност на свој сервис да стави крај на мечот, но веќе во втората тоа му успеа добивајќи го сетот со 6:4, за конечни 3:1.

Со тоа Ѓоковиќ стана само вториот тенисер во историјата кој истовремено е сопственик на трофеите на четирите Гренд слем турнири, а деветтиот играч по: Надал, Федерер, Емерсон, Лејвер, Пери, Агаси и Баџа, кој успеал да освои трофеи на турнирите од големата четворка.

Потсетување дека вчера во женското финале шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза ја победи над најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс со 2:0 во сетови и за прв пат во својата кариера триумфира на еден од Гренд слем турнирите./МИА

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар