MKDNews.com

Ѓоковиќ и Мареј се пласираа во финалето на Ролан Гарос

Ѓоковиќ и Мареј се пласираа во финалето на Ролан Гарос
јуни 04
07:14 2016

Двајцата први носители на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ (број 1) и Енди Мареј (број 2) ќе играат во финалето откако попладнево ги совладаа своите ривали во полуфиналето.

gokovikВо мечот на денот Мареј го победи ланскиот шампион Стан Вавринка со 3-1 во сетови за 2 часа и 35 минути игра. Првите два сета ги доби Мареј со 6:4 и 6:2, а Вавринка ја врати неизвесноста откако го доби третиот сет со 6:4. Во четвртиот сет Мареј беше подобар со 6:2 во гемови и по трите полуфинални меча, конечно победи во четвртото и се избори за своето прво финале на Ролан Гарос.

Ѓоковиќ беше подобар од Доминик Тием во второто полуфинале и загуби само седум гема. Првите два сета Ѓоковиќ ги доби со 6:2 и 6:1 во гемови, а неизвесно беше само во третиот сет, кој Ѓоковиќ го доби со 6:4. За Ѓоковиќ ова е нова можност да го победи на Ролан Гарос единствениот Грен слем турнир што го нема освоено. Ова за него ќе биде четврто финале во последните пет години.
Машкото финале се игра во недела, додека во женското финале утре ќе играат Серена Вилијамс и Гарбине Мугуруза.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести