MKDNews.com

Шарапова: Паднав на допинг-тест на Австралијан опен! (Видео)

Шарапова: Паднав на допинг-тест на Австралијан опен! (Видео)
март 07
22:37 2016

Марија Шарапова ја очекува пауза од тениските терени откако била позитивна на допинг-тестот направен врз неа за време на Австралија опен. Многумина очекуваа Русинката поради проблеми со повредите да обелодени крај на кариерата, но таа ја шокираше спортската јавност со откритието дека не успеала да го мине допинг-тестот во Мелбурн.

image

„Сакам да ја известам јавноста дека добив известување од страна на ИТФ дека не сум го минала допинг-тестот направен за време на Австралија Опен. Целосно ја превземам одговорноста за своите дејствија, искрено жалам што ги изневерив фановите, што го изневерив спортот што го играм уште од 4-годишна возраст и се надевам дека ова нема да биде крај. Знам дека многумина од вас очекуваа да кажам дека ја завршувам кариерата, но кога еден ден ќе го сторам тоа, нема да биде во центарот на Лос Анџелес, во хотел со ваков грд тепих“ – за момент се пошегува руската тенисерка.

Таа откри и детали за лекот кој ја содржел недозволената супстанца, која од 1 јануари се нашла на забранетата листа на ВАДА.
„Станува збор за лек што го земам веќе десет години, откако имав проблем со недостиг на магнезиум во крвта. Тој лек во својот состав содржи супстанца мелдониум, која се наоѓа на листата на забранети супстанци. Антидопинг-агенцијата ВАДА на 22 декември ми прати емајл порака со новите супстанци што се наоѓаат на забранетата листа, јас не го прочитав тој мејл и не забележав дека лекот што го земам за моето здравје може да ми создаде вакви проблеми. Без оглед на се, вината е само моја и целосно ја преземам одговорноста“ – истакна Шарапова.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести