MKDNews.com

Од каде Саше-Политико ја украл идејата да поставува шокантни прашања? (видео)

Од каде Саше-Политико ја украл идејата да поставува шокантни прашања? (видео)
јули 17
16:15 2015

Физичките напади врз Саше Ивановски – Политико покажуваат комплетно непочитување ни на законите, ни на обичната човечка пристојност, но затоа го прославија човекот кој владеачката партија го нарекува „лажен новинар“.

На прашање на порталот proverkanafakti.mk „Од каде идејата да ги бомбардирате соговорниците со прашања“, Ивановски вели „ Ми изгледа логично. Вам ова не Ви изгледа логично? Ние сме новинари, има јавност која чека одговори, наместо да чекаме на политичарите да нè викнат на интервју, ние треба да им појдеме и да им поставиме прашања кои заслужуваат одговор“, но сигурно овој начина на поставување шокантни прашања го украл или присвоил кога бил во САД.

Во 90те години радио шоуто Хавард Стерн имале шоу и на телевизија каде член на нивната екипа со име Џон Менендез,или познат како Џон Дткачот (Stuttering John) ги престернува славните личности и им поставува провокативни прашања. Нормално кога Џон поставува прашања кои не им се допаѓале на соговорниците некои од нив и физички се пресметувале до него.

08fde74024070ffe7a07f2922c6b4ef1Разликата помеѓу прашањата што ги поставува Саше Политико и Џон Дткачот е тоа што прашањата на Саше се од политичка основа на а прашањата на Џон биле чисто глупави да ја насмејат Американската јавност.
Погледнете ги најдобрите инсерти од Џон Дткачот кој иако има говорна мана сепак имал успешна кареира на телевизија, како најавувач на шоуто на Џеј Лено.

Таков стил на поставување прашања од заседа имаат и ТМЗ, што значи Саше не е иновативен како што тврди.

Саше Ивановски, попознат како Саше Политико, во новинарската бранша се појави пред неколку години на „Наша ТВ“ со неговата емисија „Политико“, во која на соговорниците им поставуваше непријатни и провокативни прашања, со што го привлече вниманието кај јавноста. Претходно, Ивановски, додека студираше на Електро-техничкиот факултет во Скопје, работел и во повеќе европски држави, како и во САД на брод, а потоа, по завршувањето на факултетот, одлучи да се врати во Македонија и да работи како новинар. Откако доби отказ од „Наша ТВ“, Ивановски го отвори порталот „Мактел“. Тој се обиде и да отвори дневен весник, „Политико“, но проектот, само седум дена по излегување на пазарот, пропадна поради финансиски причини. Последните месец дена е најактуелен со „фаќањето во заседа“ на политичарите од власта и на други јавни личности, поставувајќи им непријатни прашања.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар