MKDNews.com

За да стигне до работа, секој ден пешачи по 33 километри , доби илјадници долари донации (ВИДЕО)

За да стигне до работа, секој ден пешачи по 33 километри , доби илјадници долари донации (ВИДЕО)
февруари 04
06:45 2015

56 годишниот Џејмс Робертсон од Детроит секој ден пешки минува 33.6 километри за да стигне до своето работно место.

image

Џејмс Роберстон веќе 27 години пешачи по 33.6 километри за да стигне на работа, без разлика дали врне или грее сонце.

image

Во далечната 1988 година му се расипал автомобилот, па бидејќи 56-годишниот Американец не можел да си дозволи да купи нов, продолжил да пешачи до работа и до дома.

Џејмс на работа тргнува во 8 часот наутро, а со работа почнува во 14 часот. Тој е вработен во фабрика во Рочестер Хилс, каде заработува по 10 долари на час. Целото слободно време му поминува во пешачење до работното место и назад.

image

Инаку неговата заработка изнесува 10.55 долари на час (1688 долари месечно) , што не е доволно за да може да купи автомобил , да го осигура и да го одржува.
Неговиот шеф вели дека и покрај тоа, Џејмс никогаш не доцни на работа.

За него известил The Detroit Free Press, а набрзо започнало и собирање на донации за Робертсон да може да си купи автомобил и досега се собрани околу 195.000 долари.
Првичната идеја била да се обезбедат 5.000 долари, но само за еден ден биле собрани повеќе од 195.000 долари и донациите продолжиле да пристигнуваат од час во час.
Во меѓувреме локален салон за автомобили му понудил на Робертсон и еден бесплатен модел.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар