MKDNews.com

И Македонија дел од видеото за „Часот на планетата Земја“ (видео)

И Македонија дел од видеото за „Часот на планетата Земја“ (видео)
јануари 21
16:01 2015

Две минутното видео во кое главна музичка тема е интернационалниот хит “Pompeii” на британскиот бенд “Bastille” ја прикажува потребата да се променат климатските промени со моќта која ја поседува секој од нас.

image

„Ние сме првата генерација која го чувствува влијанието од климатските промени, и последната генерација која може да го промени тоа!“ – вели американскиот претседател Барак Обама во видео рекламата.

Поради актуелноста и успешноста на акцијата Часот на планетата Земја минатата година во Македонија, глобалниот тим реши да вметне инсерт од исклучувањето на осветлувањето од плоштадот во Скопје во рекламата која ја гледа целиот свет, а истото можете да го видите во 58-та секунда од видеото.
Часот на планетата Земја претставува најголемата светска волонтерска акција со еколошки карактер, која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да се испрати силна порака за спас на планетата.
Македонија оваа година во акцијата ќе се вклучи по шести пат.

image

„Навистина сум среќен поради големата успешност на Часот на планетата Земја во Македонија и ме радува тоа што глобалниот тим ја препозна нашата ангажираност и реши да вметне инсерт од исклучувањето на осветлувањето на плоштадот во Скопје во видео рекламата која ја гледа целиот свет!“ – додава Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македонија.

Од македонската организација најавуваат повеќе детали за акцијата во периодот кој следува, а сите нови информации можете да ги следите на Фејсбук страницата Earth Hour Macedonia.

Оваа година, Часот на планетата Земја се одржува на 28 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 7.000 градови низ 162 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија.

Во продолжение погледнете ја официјалната видео реклама:

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар