MKDNews.com

Алармантно: Глечерите брзо се топат, Земјата ќе се поплави?

април 01
22:02 2014

Истражувачите кои ги проучуваат глечерите, откриле дека нивното топење во изминатите 40 години е зголемено за неверојатни 75%

На глечерите Хју на Антарктикот, мразот се топи побрзо отколку што се очекувало. Количината на стопениот мраз на западниот дел на Антарктикот, пораснала за 77% во периодот меѓу 1973 до 2013 година, наведено е во извештајот.

Истражувачите проучувале шест глечери- островите Пајн, Твејтс, Хејнс, Смит, Папа, Кохлер и откриле дека нивното топење предизвикало зголемување на нивото на морето во периодот од 2005 до 2010 година.

Ова укажува дека од овие шест глечери се стопила истата количина на мраз, како онаа која се наоѓа на целиот Гренланд.

Глечерот по име остров Пајн, е најактивен глечер од кој се одвојуваат најмногу парчиња.

Најширокиот глечер Твејтс, е вклучен во истражувањето откако нагло започнал да се топи и да се движи во 2006 година.

-Откривме дека дошло до зголемување на топењето на мразот, кое ќе има големо влијание на зголемувањето на нивото на морето, рече Џереми Моугино, специјалист за глечери и еден од главните истражувачи, кој додаде дека состојбата е алармантна затоа што отцепувањето и топењето на глечерите е зголемено за 75% во изминатите 40 години.

Истражувачите ги анализирале пукнатините на глечерите во текот на години, за да откријат колку тие се прошириле.

-Доколку глечерите се срушат и стопат одеднаш, тоа би предизвикало раст на нивото на морето за повеќе од еден метар, истакна уште еден истражувач ангажиран на овој проект, професорот Ерик Риго.

Огромните глечери се топат поради дотокот на топла вода, додека нивниот обем значително се намалува. Сето тоа значи дека повеќе мраз се влева во океаните, а со оглед на глобалното затоплување, се стравува дека топењето на глечерите ќе продолжи и во иднина

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар