MKDNews.com

“Хафингтон Пост”: Краток водич за патување во Македонија

октомври 28
20:47 2013

На што ќе ве асоцита кога ќе слушнете за Република Македонија како туристичка дестинација? Ако не се од овој регион или историчар, веројатно малкумина знаат многу малку за една од најновите европски земји на јужниот Балкан, пишува “Хафингтон Пост”.

“Хафингтон Пост” која е во сопственост на Ариана Хафингтон која има Грчко потекло ,вчера објави позитивна статија за Турузмот во Република Македонија .

Забележано е дека цивилизацијата во Македонија цветаше помеѓу 7000 и 3500 п.н.е.. Низ вековите, македонски кралеви, Грци, Римјани, Византијците и Турци ,Османлии владееа со нацијата. По јавни востанија и мирни демонстрации, Македонија доби независност од Федеративна Југославија во 1991 година, пишува “Хафингтон Пост”.

Опишуваќи ја културата авторот пишува дека Македонци биле планински народ кои одгледувале овци, се занимавале со земјоделство и создаде ракотворби.

image

Македонците денес се многу мирен, среќен и пријателски народ. Најчесто забележана религија во Македонија е православното христијанство, додека една третина од населението се муслимани , пишува “Хафингтон Пост”.

Опишуваќи ја исхтанста авторот вели дека храна во Македонија е под влијание на европски, турски и словенски кујни.
Еден од најпопуларните јадења е риба и тоа во области во близина на Охридското Езеро и реката Радика. Ракијата е многу популарен домашен алкохол од овошје.

image

Авторот го споменува Охрид кој е познат по тоа што имало 365 цркви на едно време, и го нарекуваат “Ерусалим на Балканот”.
-Охрид е еден од 28 градови, во светот кои се заштитени под УНЕСКО и исто се светско културно наследство на природата,пишува “Хафингтон Пост”.

Покрај Охрид како добра дестинација , вели авторот да се посети Скопје каде има музеј од домот на Мајка Тереза ​​како и Камениот мост во центарот на градот, првата железничка станица на Балканот, Тврдината Кале изградена во 6 век н.е., црквите Св Андреја-Матка и Свети Спас и Старата скопска чаршија, втора најголема чаршија надвор од Истанбул.

Посета на Крушево е задолжително заради “Традиционалниот македонски Денот на независноста кој се одржува на 2 август секоја година во Крушево ,пишува “Хафингтон Пост”.

Маврово, долината во Демир Капија се добра дестинација вели авторот и потсетува на Галичка свадба нагласуваќи дека одржува во средината на јули.

image

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар