MKDNews.com

Летот 666 за ПЕКОЛОТ (HEL) на петок 13-ти

септември 14
02:11 2013

Иако многумина дури и не би се качиле на летот AY666 за HEL на петок 13-ти, изгледа дека Финците немаат никакви проблеми со празноверието, па овој лет бил речиси полн.

image

 HEL е вообичаената трословна кратенка за аеродромот во финската престолнина Хелсинки, а 66 е бројот на летот на финскиот национален авиопревозник „Finnair” од данскиот главен град Копенхаген за Хелсинки кој беше изведен во петокот на 13-ти (септември).

Пилотот Јуха-Пека Кеидасто на авионот „Airbus A320“ кој беше капетан на летот, пред полетувањето од Данска изјави дека „овој лет е предмет на добро шегување меѓу пилотите”.Имено, петок 13-ти во многу земји се смета за несреќен ден, бројот 666 има негативна конотација од Библијата и е во поврзаност со појавата на Антихристот, а hell на англиски значи пекол.Авионот полета од Копенхаген во 13,20 часот а слета во предвиденото време во Хелсинки во 14,35 часот по локално време, а беше пренесуван на интернет страницата www.flightradar24.com.

Петок 13-ти исто ќе има во декември

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар