MKDNews.com

Протести во САД за ослободителната пресуда за Зимерман (видео/фото)

јули 15
20:24 2013

Контроверзната ослободителна пресуда за Американецот Џорџ Зимерман во случајот на убиството на афроамериканското момче Трејвон Мартин веќе трет ден предизвикува протести низ САД. Афроамериканците од Њујорк, Сан Франциско, Вашингтон бараат правдина за убиеното момче и казна за убиецот, за кого судот утврди дека пукал во самоодбрана.
teyvon-justice
Во историскиот град Манасас, во близината на Вашингтон се очекуваат длабоки последици по односите на локалното бело и афроамериканско население. Манасас е родното место на Зимерман, момче од мешан брак на бел судија и перуанска службеничка. Во Првата баптистичка црква на Манасас, духовен дом за афроамериканската заедница, чувствата се поделени. Свештеникот Донроу Џексон смета дека пресудата е голема неправда.

– Не можам да разберам како некој може да следи младо момче, иако полицијата му рекла да не следи, и се уште да не биде прогласен за виновен. И повеќето верници тука сметаат дека пресудата не е фер. Никој од нас не мисли дека пресудата е фер

Кермит Смит е поранешен заменик директор во средното училиште кое го посетувал Зимерман. Според него, пресудата е очекувана, имајќи предвид дека Трејвон Мартин се однесувал нападно.

nie-tevon– Правдата е задоволена, таков е нашиот систем. И јас би можел да бидам во иста положба, и Трејвон да беше агресивен кон мене, да преземев мерки на самоодбрана, истиот систем кој го ослободи него, ќе ме ослободеше мене

Неколку стотици метри од баптистичката црква на Манасас е многу поголемата католичка црква Сите Свети, каде што Зимерман посетувал училиште. Свештеникот не замоли да не разговараме со верниците, загрижен за нивната безбедност. Во самиот град, кој е познат како место на историските први битки во граѓанската војна во која американските робови ја добија слободата, граѓаните сметаат дека последно нешто што им треба е случајот да добие расна заднина.

– Мислам дека двајцата згрешиле во нивните постапки. Ниту еден од нив не е вистински невин. Сметам дека ние АМериканците ќе можеме на овој случај да гледаме како на единечен пример на неправда, се надевам на разум и на крај на насилството.

Претседателот на САД, Барак Обама апелираше да се смират тензиите по одлуката на судот на Флорида да го ослободи Џорџ Зимерман, кој во 2012 година го уби 17-годишниот Трејвон Мартин.

-Знам дека овој случај предизвика големо незадоволство и тоа по одлуката на судот може да се зголеми. Сепак, ова е правна држава, а поротата ја донесе својата одлука-стои во неговото соопштение.

Американското Министерство за правда вчера соопшти дека за убиството на Мартин пред година дена беше отворена истрага.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com