MKDNews.com

Гатачка од Велес истерувала црни магии и собрала пари и злато

јули 01
20:55 2013

gatackaГатачка што гледа на икони измамила велешанка и успеала да ја оштети за 500 евра.

Како што информираат од полицијата, бајачката се понудила да ги отстрани црните магии од домот на оштетената и за таа услуга ѝ побарала 500 денари, мобилен телефон и детски алишта. Но ова не било доволно за да се растераат злите духови, па пријавената наредниот ден повторно се вратила кај оштетената и ѝ кажала дека магијата е многу силна и мора да земе и златен предмет за да може целосно да ја поништи.

Оштетената кај себе немала злато, па од својата сосетка побарала златен ѓердан и ѝ го дала на бајачката, која успеала да го продаде за 7 илјади денари.

СВР Велес поднесе кривична пријава против наводната гатачка поради сомнение дека сторила кривично дело измама.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести

Време