MKDNews.com

Визија – единствен бенд од Македонија кој ќе се бори за големото признание на најстариот европски рок фестивал – “Гитаријада” во Зајачер

јуни 04
16:26 2013

Vizija Визија fotografijaОбјавени учесниците на најстариот европски рок фестивал – „Гитаријада” во Заечар, Србија. Визија – единствен бенд од Македонија кој ќе се бори за големото признание на најстариот европски рок фестивал – „Гитаријада“ во Зајачер.

Од приближно 200 пријавени бендови од целиот Балкан, стручното жири составено од Бранимир Локнер, Драгиша Радуловиќ и Џорџе Давид ги избраа 12-те најквалитетни бендови кои ќе настапат на 47-мата Гитаријада во Заечар, која ќе се одржи во периодот од 1 – 3 август 2013. Меѓу нив, единствен бенд од Македонија е бендот Визија, кој ќе се бори за големото признание на овој најпознат рок фестивал на Балканот.

“Како и претходните години и оваа беше тешко од толку квалитетни изведувачи да се изберат дванаесет кои ќе миаат прилика да настапат во завршницата на Гитаријада, но сепак мислам дека јас и колегите направивме добар избор” – изјави Драгиша Радуловиќ, член на жирито.

Гитаријадата во Заечар е најстариот рок фестивал во Европа, со долга традиција од 47 години. Голем број на легендарни бендови од регионот токму на овој фестивал се здобиле со афирмација, а покрај нив на сцената на овој фестивал се качиле и познати светски изведувачи како: STEVE LUKATHER, LAIBACH, URIAH HEEP, WISHBONE ASH, KEN HENSLEY & LIVE FIRE, Stan Web’s & CHICKEN SHAKE, NIGHTWING, GIRLSCHOOL, итн.

Бендовите кои ќе настапат на 47мото издание на „Гитаријада“ се:

1. Regulator (Врњачка Бања, СРБ)
2. Scarlet Dust (Ниш, СРБ)
3. ВИЗИЈА (СКОПЈЕ, MAKЕДОНИЈА)
4. MARIENFELD (Белград, СРБ)
5. Helm (Прибој, СРБ)
6. Rolin Humes (Ријека, ХРВ)
7. Uzemljenje (Белград, СРБ)
8. Ućuti pas (Лазаревац, СРБ)
9. OBSCURED (Нови сад, СРБ)
10. Mud factory (Врање, СРБ)
11. Dolia (Сараево, БиХ)
12. Huti Ota Tre (Заечар, СРБ)

Линк за download на mp3: http://we.tl/LANhKsj5Iy

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар