MKDNews.com

Кремите за сончање го забавуваат старењето

јуни 09
20:22 2013

krema za soncahje

Летниот одмор на плажа денес не може ни да се замисли без кремите за сончање, кои не само што штитат од опасните сончеви зараци кои предизвикуиваат рак на кожа и од болни изгоренци туку се чини дека кремите за сончање го успоруваат процесот на стареење на кожата.

Една нова студија, дознава дека редовната употреба на крема за сончање штити од фотостареење (Фотостареењето претставува предвремено стареење на кожата поради лошите навики на сончање и ексцесивното изложување на сонце) . Односно од сите брчки, пеги, губењето на еластичноста на кожата… сето тоа е предизвикано од изложувањето на кожата на ултравиолетовата радијација на сонцето. Иако за многумина ова откритие не е шокантно, сепак австралиските истражувачи се првите кои ги измериле карактеристиките на кремите за сончање, против стареење на кожата. Во студијата биле следени четири години 900 испитаници. На дел од нив им било кажано секојдневно да користат крема за сончање и им биле дадени инструкции како соодветно да го прават тоа меѓу кои; редовно да стават крема по неколку часа изложеност на сонце, по капење или откако ќе се испотат. На другите учесници не им биле дадени никакви инстрикции – сметале дека не е етички да бараат од нив да престанат да користита вакви креми. Промените на кожата биле измерени преку посебна техника наречена „микротопграфија“ „Сега имаме и научни докази дека долготрајната употреба на кремите за сончање има и козметичка вредност“ вели Грин, еден од истражуачите. „Редовната употреба на кремите за сончање од страна на млади и возрасни лица до 55 години носи и козметички придобивки и го намалува ризикот од рак на кожата„. Сонцето ја оштетува кожата со различни видови на радијација, според Доктор Лоренс Гибсон, професор по дерматологија на Клиниката – Мајо. УВ – радијацијата е главна причина за рак на коижата и исто така е главна причина за изгорениците на кожата. Фото-стареењето во главно е предизвикано од УВ-А радијацијата, која ја краде природната способност на кожата да ја одржува својата еластичност и исто така предизвикува пеги и брчки. „Кожата се обидува да се заштити и затоа ги создава сите тие темни пигментации“ вели Гибсон. „Тоа е одговор на телото за да се заштите од сите тие бомбардирања.“ Меѓутоа дерамтолозите велат дека иако кремите за сончање денес се многу подобрени и штитат од штетната радијација, сепак тие неможат да ве заштитат од силната пладневна радијација, затоа советуваат задолжително да се избегнува пладневното сонце, и во ниту еден случај да не се сончате во тие неколку критични часа. Фото-стареењето не е природен процес и како таков може да се одбегне.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести

Време