MKDNews.com

Глупак на годината: Ограбувач на местото на злочинот оставил негов извод

јуни 28
15:45 2013

26-годишниот Захари Тентони, кој во двор на едно училиште во Бостон од зад грб нападнал жена и ѝ ја грабнал чантата, бил лесно уапсен, бидејќи додека бегал му паднале двете торби што ги носел, а во кои биле неговиот извод од книгата на родени и писмо што му го испратила мајка му, пишува АП.

Ограбувач на местото на злочинот оставил извод и писмо од мајка си
26-годишниот Захари Тентони, кој во двор на едно училиште во Бостон од зад грб нападнал жена и ѝ ја грабнал чантата, бил лесно уапсен, бидејќи додека бегал му паднале двете торби што ги носел, а во кои биле неговиот извод од книгата на родени и писмо што му го испратила мајка му, пишува АП.
Захари Тентони или „Џон Фоси од Конектикат“

Во ташната што ја грабнал имало лични документи на нападнатата жена и 40 долари, додека во торбите што му паднале на трапавиот ограбувач имало облека, средства за хигиена и патики.

Во изводот од родените спакуван на врвот на торбата пишувало дека станува збор за Захари Тентони, роден 1987 година. Кога полицијата го уапсила неколку часа подоцна и побарале да ги каже своите податоци, тој кажал дека е „Џон Фоси од Конектикат, роден на 16 јуни 1993“.

По апсењето Тентони во полициската станица го препознала и жената што ја ограбил, па тој веднаш бил обвинет за невооружен грабеж.

Најверојатно имајќи ги предвид неговите „криминални способности“, судијата му одредил кауција од само 500 долари.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести

Време