MKDNews.com

Ал Пачино: Му помогнав во кариерата на Брус Вилис

јуни 04
21:12 2013

al-pacino

Ал Пачино тврди дека тој му ја дал кариерата на Брус Вилис, откако ја одбил улогата во “Умри машки”.
Актерот изјави дека добил понуда да ја игра главната  улогата на Џон Макклејн во акциониот филм, кој подоцна Вилис  ја играше главната улога.Ал Пачино имал  понуда да ја игра улогата на Хан Соло во “Војна на ѕвездите: Епизода IV – Нова надеж” .
Тој го  одбил  овој предлог, а празнината беше исполнета од Харисон Форд.
“Му ја дадов кариерата на ова момче (Брус Вилис). Знаете ли уште  на кого  му ја дадов кариерата?
На Харисон Форд во “Војна на ѕвездите”. Оваа улога беше моја, но јас не можев да го разберам сценариото “, изјави Пачино во Лондон.
73-годишниот актер откри дека ја одбил главната улога во романтичната комедија “Убава жена”, во која блесна ѕвездата   Ричард Гир. Признавајќи дека можеби погрешил што одбил да учествува во овие филмови, кои сега станаа класици, актерот додаде: “Не сум добар во проценката што е добро”.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар