MKDNews.com

Видео: Масовна тепачка меѓу навивачите на Железничар и Марибор во Сараево

јули 24
14:51 2012

tepacka-sarajevoМасовна тепачка меѓу навивачите на фудбалските клубови „Железничар“ од Сараево и „Марибор“ од Словенија, во која две лица се повредени се случи во вторник во центарот на Сараево пред Катедралата.

На сите страни летале шишиња и пепелници додека пред кафулето кај Катедралата можело да се види скршено стакло.

 

Според изјавите на очевидци кои ги пренесуваат босанските медиуми, навивачите на Марибор го извикувале името на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, и ја споменувале Сребреница во негативен контекст.

Центарот на Сараево за неколку минути личел на воено зона, а шишиња столици и пепељари летале на сите страни.

Судирот траел неколку минути, а потоа полицајците успеале да ги префрлат навивачите на Марибор“ во Стаклениот град, од каде биле спроведени со полициски возила до стадионот Кошево, каде ќе биде одигран натпреварот меѓу двата фудбалски клуба.

На Клиниката за ургентна медицина е примен еден полицаец, со повреди на прстот на десната рака и исеченици на главата и еден Словенец кој бил полесно повреден.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести

Време