MKDNews.com

Средба Бан Ки-мун-Иванов

јули 25
10:53 2012

ban-ki-mun.ohrid1

Бан Ки-мун по средбата со претседателот Ѓорѓе Иванов одржана утрово во вилата „Билјана“ Охрид, изрази подготвеност да помогне за надминување на спорот со името. По завршување на мојата посета на Македонија, мојот личен претставник Метју Нимиц ќе отпатува во Грција и ќе ги иформира грчките власти за разговорите кои ги водевме тука, а јас ќе се обидам да закажам средба со грчкиот премиер Самарас со цел да помогнам да се забрза процесот за надминување на спорот за името.

Жално е што две соседни земји не успеаа целосно да ги искористат своите потенцијали за регионална соработка, помирување и развој. ОН ќе сторат се што е во нивна моќ да го олеснат тој процес. Се работи за долготраен проблем. Свесни за пресудата на Меѓународниот суд на правдата, ќе ги земеме предвид сите аспекти, изјави Бан Ки-мун на прес конференцијата што се одржа по средбата со претседателот Иванов.

Од страна на петседателот Иванов беше истакнато дека  нашата иднина е блокирана од прашање кое доаѓа од минатото. Затоа ние сме посветени на иднината и бараме како што тоа го прават македонските граѓани да се надминат сите стравови и предрасуди од минатото, како што сите македонски граѓани летуваат во Грција без никакви проблеми, како што грчеките инвеститори инвестираат во Македонија, така таа нова реалност да ја следи и грчкото раководство, тоа бараме,

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести