MKDNews.com

По мозочен удар прозборел и проодел имитирајќи ја едногодишната ќерка

јули 22
20:11 2012

mark-elis

Марк Елис, 24-годишен Англичанец повторно проодел и прозборел имитирајќи ги звуците и движењата на неговата ќерка Лола-Роуз родена две седмици откако тој доживеал тежок мозочен удар по што останал целосно парализиран.

Набрзо по раѓањето на девојчето. Марк почнал да чувстува силни болки од мигрена и на крајот доживеал мозочен удар. Лекарите извесно време го одржувале во состојба на индуцирана кома, меѓутоа на неговата сопруга Ејми не ѝ давале никаква надеж. Кога се разбудил, ѝ рекле дека засекогаш ќе остане заробеник на ткн „локед-ин” синдромот, односно состојба во која мозокот е целосно буден и свесен, меѓутоа телото е парализирано. Марк успевал да мрда само со очите со коишто одговарал со „да” и „не”.

Меѓутоа контактот со неговата ќеркичка која во меѓувреме наполнила речиси една година направиле вистинско медицинско чудо, поттикнувајќи го на крајна ефикасна рехабилитациска терапија. Штом малечката ги направила првите чекори во тоа успеал и нејзиниот татко имитирајќи ги нејзините движења, а истото се случило и со зборовите коишто ги изговарал откако со седмици се обидувал да ги имитира гласовите што ги испуштала Лола-Роуз. „Сега заедно ги користат играчките, книгите, игрите и iPado-от за да научат да комуницираат со светот”, вели Ејми

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести

Време